Еспер: Трамп сакаше САД да ги бомбардираат лабораториите за производство на дрога во Мексико

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предложил САД да истрелаат ракети врз лабораториите за производство на дрога во Мексико и да распоредат 250.000 војници на границата со таа земја, тврди поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер.

Трамп се распрашуваше за можноста за истрелување ракети врз лабораториите во Мексико поради загриженоста за шверцот на дрога во Соединетите држави, рече Еспер во неговата книга мемоари „Светиот завет: Мемоари на министерот за одбрана за време на вонредни времиња“ што ќе биде објавена на 10 мај.

Можевме да ги истреламе „Патриотите“

„Тие немаат контрола над својата територија“, рекол Трамп, мислејќи на Мексиканците, тврди Еспер во книгата, како што објави „Њујорк Тајмс“.

„Можеме да истреламе неколку ракети „Патриот“ и да ги отстраниме лабораториите во тишина. Никој не треба да знае дека ние го направивме тоа“, рекол Трамп, според Еспер во книгата. Според него, САД би одбиле да признаат дека учествувале во таков напад.

Еспер тврди дека мислел дека таквите тврдења на Доналд Трамп се шега, дека во тоа време не го погледнал во лице.

„Трамп изгледаше поохрабрено и попроменливо откако беше ослободен во првата постапка за импичмент. Се обиде да ги стегне уздите во извршната власт со барања за лична лојалност, пишува поранешниот шеф на Пентагон.

Поранешниот државен секретар за одбрана, кој беше на таа позиција од јули 2019 до ноември 2020 година, за време на мандатот на Трамп, во интервјуто што го даде за CBS News по повод објавувањето на книгата, тврди дека администрацијата на поранешниот американски претседател имала намера да распореди 250.000 војници на границата со Мексико за да ги одврати мигрантите да влезат во САД.

„Бевме на средба со советникот на Трамп, Стивен Милер, чекајќи го претседателот. Стоевме околу масата за Резолуција и Милер почна да зборува за карваните со мигранти и за тоа како ни се потребни војници на границата и дека мора да има околу четвртина милион од нив“, изјавил Еспер за CBS News.

Слични содржини