Еспирито Санто: Имаме високи амбиции, Кејн е играч на Тотенхем и точка

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Нуно Еспирито Санто, новиот менаџер на Тотенхем, изјави дека не се сомнева дека најдобриот напаѓач на клубот, Хари Кејн, ќе остане верен на „Спарси“.

Вистина, Кејн уште порано истакна дека е желен да смени средина и да се пресели во клуб со кој може да освојува трофеи, а интерес за него покажаа Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед.

Не е тајна дека Сити веќе испрати понуда, дури 100 милиони фунти, што беше одбиено во Лондон.

И покрај јасната желба да го напушти клубот, Санто е оптимист во однос на Кејн.

– Не се сомневам. Сакам Хари да се опорави и да се одмори добро. Амбициозни сме и сметаме на него. Хари е наш играч. Точка. Нема потреба да зборуваме за ништо друго. Сега е време тој да се одмори. Кога ќе се врати, ќе имаме добар разговор, рече Нуно.

Слични содржини