Како дел од 20-годишнината од објавувањето на своето списание, „ЕСПН“ состави список на дваесет најдоминантни спортисти во овој век.
Списокот се издвојува бидејќи субјективниот впечаток е сведен на минимум, како што пишува „ЕСПН“. Неговите аналитичари развија математички модели кои најпрецизно ја мерат доминацијата во спортот, а таа мерка е претставена со единствен број, т.н. рејтинг на доминација.
Очекувани имиња се наоѓаат на списокот, но интересно е што Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се ниту во топ 10.
Вака изгледа списокот (бројот до името претставува рејтинг на доминација):
20. Том Брејди, рагби – ДР: 6,3
19. Мани Пакјао, бокс – ДР: 6,5
18. Мајк Троут, бејзбол – ДР: 7,1
17. Бери Бондс, бејзбол – ДР: 7,1
16. Алисон Феликс, Атлетика – ДР: 7,3
15. Новак Ѓоковиќ, тенис – ДР: 8.0
14. Кристијано Роналдо, фудбал – ДР: 8.2
13. Лорен Џексон, женска кошарка – ДР: 8,3
12. Серена Вилијамс, тенис – ДР: 8,9
11. Лионел Меси, фудбал – ДР: 8,9
10. Усеин Болт, атлетика – ДР: 9,5
9. Марта, женски фудбал – ДР: 9,8
8. Флојд Мејведер, бокс – ДР: 10,1
7. Михаел Шумахер, формула 1– ДР: 10.2
6. Аника Соренстам, женски голф – ДР: 10,3
5. Роџер Федерер, тенис – ДП: 10,6
4. Џими Џонсон, НАСКАР – ДП: 12.1
3. Пејтон Менинг, фудбал – ДП: 12,7
2. Леброн Џејмс, кошарка – ДП: 15,6
1. Тајгер Вудс, голф – ДП: 17.0