Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур истакна дека не верува оти Русија е критично ослабена дури и по девет месеци војна во Украина.
„Мораме да бидеме искрени и јасни: руската морнарица и воздухопловните сили се повеќе или помалку големи колку што беа пред војната“, рекол Певкур за ДПА за време на посетата на Берлин.
„Иако руските копнени сили изгубија значителна сила, тие порано или подоцна ќе бидат со големината што ја имаа пред 24 февруари кога ја започнаа офанзивата – или уште поголеми“, додал тој.
Русија ќе учи од своето воено искуство во Украина, тврди Певкур.
„Нема причина да се верува дека заканата од Русија е намалена на кој било начин или дека заканата за НАТО е намалена“, изјавил естонскиот министер, пренесува Јутрањи лист.
Естонија планира да потроши 2,84 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана следната година, рече тој.
Во 2024 година, сумата ќе се зголеми на 3,2 отсто – многу повисока од вкупната цел на НАТО од два отсто.
Околу еден процент од бруто домашниот производ веќе е даден за поддршка на украинската армија, рече тој.
Певкур предупреди на „воен замор“ на западните земји.
„Токму ова сака да го постигне Русија… Русија е подготвена да издржи подолго“, рекол тој.