Етингер: Сите земји членки на ЕУ треба да помогнат за мигрантите

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Европскиот комесар Гинтер Етингер изјави дека сите земји членки на Европска унија треба да им помогнат на јужните соседи, каде пристигнуваат најголемиот број мигранти.

– Сметам дека цела Европа мора да покаже солидарност кон оние што се најмногу повредени – Грција, Малта, Кипар, Бугарија, Италија и Шпанија, истакна Етингер пред вонредниот мини самит за изнаоѓање на решение за прашањето на миграцијата, што ќе се одржи в недела во Брисел.

Еврокомесарот наведе дека состанокот во Брисел треба да биде „потсетник на патот кон европското единство“.

На состанокот на тема илегалната миграција, зајакнување на Договорот од Даблин и улогата на Фронтекс ќе учествуваат претставници од седум држави (Германија, Италија, Франција, Шпанија, Грција, Бугарија и Австрија) и претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер.