Кошаркарите на Милано ја остварија првата победа во Евролигата, откако синоќа на гости славеа над Панатинаикос со 79-78.
По крајот на мечот тренерот на Милано, Еторе Месина имаше „мала непријатност“ откако столчето на кое требаше да седне на пресконференцијата се скрши, по што тој се најде на подот.
Сепак за среќа немаше последици по искусниот тренер.