ЕЦДЦ: Постои опасност новите видови на коронавирус да предизвикаат повеќе смртни случаи

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Постои голем ризик дека неодамна идентификуваните варијанти на коронавирус ќе предизвикаат дополнителен притисок врз здравствените системи и поголема смртност.

Тој ризик се јавува затоа што тие се позаразни, предупреди во вторникот Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Оттаму проценуваат во својот последен извештај дека „иако нема информации за потешки случаи на инфекција“ со овие варијанти на вирусот, нивната поголема инфективност ќе има „поизразен ефект врз бројот на хоспитализации и смртни случаи“.

Ова е особено точно за „старите лица или оние со истовремени болести“, според агенцијата чие седиште е во Стокхолм.

Извештајот првенствено е посветен на варијантите на вирусот кои неодамна беа откриени во Велика Британија и Јужна Африка и кај кои беше утврдено „зголемено пренесување“.

Досега, повеќе од 3.000 случаи на заразени со британска варијанта на вирусот се потврдени во Велика Британија и во светот.

Слични содржини