17
Во Европската унија 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето, објави денеска „Евростат“.
Приближно половина од луѓето кои продолжиле да ја работат својата работа ја вршат под исти услови како пред пензионирањето, додека другата половина го промениле работниот однос или го намалиле бројот на работни часови, се додава во извештајот.
Истражувањето спроведено минатата година, исто така, покажа дека најголем број луѓе кои работат по пензионирањето е регистриран во балтичките земји на ЕУ – во Естонија 54,9 отсто, Летонија 44,2 отсто и Литванија 43,7 отсто.