ЕУ бара од Google и Facebook да ја означат содржината произведена од вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba
452 прегледи

ЕУ побара од Google и Facebook „веднаш“ да започнат со означување на содржината произведена од вештачката интелигенција (ВИ).

Во исто време, Брисел го предупреди Twitter дека ќе се соочи со санкции доколку не ги почитува новите закони за дигитални содржини кои стапуваат на сила на 25 август ширум ЕУ, пишува „Гардијан“.

ЕУ дополнително побара од Facebook и другите платформи да инвестираат повеќе во проверка на точноста на информациите на јазиците на малцинствата и во Источна Европа, бидејќи Брисел смета дека „руските кампањи за дезинформација“ се закана.

Слични содржини