ЕУ бара реформите да продолжат, извештајот за Македонија се очекува да биде позитивен

од Destan Jonuzi
254 прегледи

Експертите за европски прашања очекуваат извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, што ќе се објави следната недела да содржи критики за судството и битката против корупцијата, а пофалби за приваќања на францускиот предлог.

– Очекувам извештајот да содржи критики за судството и битката против корупцијата и организараниот криминал. Ќе истакне слабости околу владење на правото, а ќе има повалби за добрососетствои регионална стабилност. Пофалби ќе има и за прифаќање на францускиот предлог и надминување на спорот со Бугарија, како и пофалби за солидарноста со ЕУ оклу санкциите кон Русија и солидарниста со Украина, предвидува во својата анализа за „Локално“, професорот и поранешен дипломат Нано Ружин.

Според него, во однос на скрининг процесот извештајот ќе содржи привилигирани информации. „Ќе се зборува за промена на Уставот и позицијата на опозицијата“, додава Ружин.

Зорица Стрезоска од „EU Support for Rule of Law“ (Поддршка на ЕУ за владеење на правото), очекува извештајот да биде позитивен, подобар од секогаш досега. Та нгаласува дека пофалбите за Македонија во извештајот би се однесувале, на прифаќањето на Францускиот предлог и наоѓањето на компромис за спорот со Бугарија, како и пофалби кои се однесуваат на одржувањето на добри меѓусоседни односи, како и внатрешни стабилни меѓуетнички односи во подолг период.

– Република Северна Македонија уште од самиот старт се приклучи на ЕУ во врска со санкциите спрема Русија, ја осуди агресијата на Русија, и искажа солидарност со Украина и Украинскиот народ, па се очекува пофалба и во овој дел. Не очекувам поголеми критики во делот на владеење на правото. Сeкако, ќе бидат истакнати одредени слабости кои се однесуваат на судството, борбата против корупцијата и организараниот криминал. Во поглед на темелните права – човековите права – родовата еднаквост, има тренд на подобрување и подигнување на свеста за истите, што би било истакнато како позитивен аспект во Извештајот, изјави Стрезоска за „Локално“.

Од друга страна амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир изјави дека Северна Македонија постигна одреден напредок кон евроинтегративниот пат, но сепак треба да продолжи со реформите, а со завршувањето на скринингот подобро ќе се детектираат областите каде што треба да се интензивира реформската агенда.

– Важно е да се знае дека во сите пристапни процеси, за секоја држава и во минатото и сега е многу важно прашањето за добрососедство. Во контекст на оваа односот на добрососедство значи имплементација на договорите со Грција и Бугарија во духот на доверба и добра атмосфера од страна на сите инволвирани. Така ќе повторам три пати: реформи, реформи, реформи, затоа што граѓаните сакаат на крајот да ја видат земјата во ЕУ, изјави Гир.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамките на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ што се одржа во Стразбур изјави дека 17 години Македонија го чекаше почетокот на преговорите со Европската Унија, а сега, нагласи тој, мора да се има национален консензус и ќе дефинираме механизми за сите пратеници да се вклучат во процесот. Вицепремиерот Маричиќ ја потврди посветеноста на Владата во обезбедувањето непречен процес на преговори со Унијата паралелно со одржувањето на добрососедските односи и реализацијата на преземените обврски.

Д.Ј.

Слични содржини