Северна Македонија и Црна Гора добија предупредување од Европската комисија (ЕК) и од нив беше побарано да објаснат зошто не ја усогласиле својата визна политика со политиката на Европската унија, односно зошто им дозволуваат на граѓаните на трети земји, како што е Косово, да влезат на овие територии без визи, иако не треба, јавува Косово онлајн.
Ова е напишано во петтиот извештај на ЕК за мониторингот на безвизниот режим од Унијата со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и со Грузија, Молдавија и Украина.
Според податоците на ЕК, државјаните на Ерменија, Казахстан, Русија, Азербејџан, Белорусија, Куба, Еквадор, Турција, Катар и Косово и Ел Салвадор патуваат без визи во Северна Македонија или Црна Гора, поради што ЕК во своите препораки нагласува дека овие две земји требаше да преземат мерки минатата година, но не го направија тоа.
Како што наведоа, мерките за сезонско ослободување од визи не се во согласност со правното законодавство на ЕУ, а овие земји се на листата на земји од Европската унија на чии граѓани им е потребна виза за ЕУ.
Комисијата истакна дека усогласувањето со визната политика на ЕУ е клучно за добро функционирање на безвизниот режим со ЕУ.
„Непочитувањето на визната политика на ЕУ може да доведе до зголемување на нередовните пристигнувања и тоа треба да се реши како приоритетно прашање со сите партнери од Западен Балкан“, наведува ЕК.
Absolutely unacceptable for @EU_Commission to list Kosovo as one of visa-required third countries asking 🇲🇪 & 🇲🇰 to introduce visas for 🇽🇰!
Especially disturbing as for years Kosovo was unjustly denied #VisaLib! Double so as all this comes after Berlin Process agreements! pic.twitter.com/dJo9rDpoDc— Agron Bajrami (@AgronBajrami) December 5, 2022