ЕУ би можела да испрати војници во Украина

од Nikola Popovski
102 прегледи

Европските земји би можеле да испратат војници во Украина со цел да се почитува евентуалниот прекин на огнот, изјави за „АНСА“ новата шефица на европската дипломатија Каја Калас.

„До денес се разговараше кои земји се подготвени да испратат своја војска во Украина. Мислам дека не треба ништо да се исклучи и да се дозволат нејаснотии во стратешките прашања“, посочила Калас.

Според нејзиното мислење, Европската унија може да учествува во одржувањето на примирјето во Украина со испраќање на своите вооружени сили во таа земја.

Таа смета дека Европа треба да „игра важна улога“ во случајот на договорот за прекин на огнот, кој би можел да вклучи испраќање војници за следење на неговото почитување.

„Во секој случај, Украина треба да одлучи“, додала таа.

Како што потенцирала Калас, соодветно е Соединетите Американски Држави, со чијашто идна администрација „веќе се градат мостови“, да ја поддржат Украина, бидејќи „победата на Москва ќе ги зајакне Кина, Иран и Северна Кореја кои веќе дејствуваат заедно“.

Слични содржини