Фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон започна да доставува вакцина против коронавирус во земјите од Европската Унија.
Портпаролката на компанијата изјавила дека целта во 2021 година е да се испорача 200 милиони дози вакцини – во ЕУ, Норвешка и Исланд.
Џонсон и Џонсон развија вакцина која се дава во единечна доза – без потреба од ревакцинација.
„Првите дози ги напуштаат магацините“, рече портпаролката на Европската комисија на прес-конференција. Информацијата ја потврди Питер Лиси, еден од германските претставници во ЕУ од редовите на ЦДУ – партијата на германската канцеларка Ангела Меркел.
BREAKING: Johnson & Johnson @JNJNews begins vaccine shipments to the 🇪🇺 today. Very good news. Vaccination target of #EU may now even be exceeded. @EPPGroup @EPP @vonderleyen @SKyriakidesEU @DeutschJill @EU_Health
— Peter Liese MEP (@peterliese) April 12, 2021
„До неодамна беше нејасно дали планот ќе се исполни. Сепак, испораката на 50 милиони дози на залихите е сигурна во вториот квартал“, рече Лиса, истакнувајќи дека тој добил такви информации од компанијата и Европската комисија , кој ги координира разговорите со производителите на вакцини.
Американската компанија се обврза да испорача 55 милиони дози на ЕУ до крајот на јуни и уште 120 милиони во текот на последните четири месеци од 2021 година, изјави претходно европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон.
„Џонсон и Џонсон“ објавија дека започнале испораки во земјите на ЕУ, Норвешка и Исланд, но не сакаа да зборуваат за залихите за април и вториот квартал од 2021 година.
Таа прецизирала дека целта е да се испорача 200 милиони дози вакцини во 2021 година.
Испораката првично требаше да започне на почетокот на април, но се одложи заради производните предизвици.