ЕУ договори помош за Украина во износ од 18 милијарди евра

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Лидерите на Европската унија го завршија својот последен самит во 2022 година со договор за обезбедување помош за Украина во износ од 18 милијарди евра следната година и за воведување нови санкции против Русија, а исто така донесена е одлука за минимален данок на повеќекомпанискиот профит од 15 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Одлуките беа усвоени откако Полска во последен момент го повлече својот приговор дека прашањето за помошта на ЕУ за Украина и прашањето за минималната стапка на корпоративните даноци се комбинирани во истиот пакет, откако се задоволи со малку поинаква формулација во текст на заклучоците од самитот на ЕУ.

Глобален минимален корпоративен данок од 15 отсто договорија 140-те земји на Организацијата за економска соработка и развој за да се спречат големите меѓународни компании да ја префрлаат добивката низ светот за да ги намалат своите даночни обврски.