ЕУ донесе одлука – границите остануваат отворени

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Лидерите на Европската унија (ЕУ) заклучија на состанокот посветен на пандемијата на ковид-19 дека внатрешните и надворешните граници на ЕУ мора да останат отворени, но со примена на строги мерки за рестрикции на несуштинските патувања.

„Убедени сме дека мора да ги оставиме отворени границите, но истовремено размислуваме и за рестрикции за несуштинските патувања“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пренесуваат агенциите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по состанокот на лидерите, рече дека е потребно да се одржи функционалноста на единствениот европски пазар преку непречен проток на стоки и работници.

Слични содржини