ЕУ е апсолутно против прекројување на границите на Западен Балкан

од Nikola Popovski
305 прегледи

Европската Унија „апсолутно не е за прекројување“ на границите на Западен Балкан, изјавил денеска портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

„Апсолутно не сме за какви било промени на границите“, рече Мамер на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Тој даде таква оценка откако беше запрашан за таканаречениот „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во кој се споменува идејата за поделба на Босна и Херцеговина, припојување на Косово кон Албанија, како и припојување на делови од БиХ кон Србија и Хрватска.

Сепак, Ројтерс пренесува дека не може да ја потврди автентичноста на тој документ, до кој имала пристап и зад кој, како што наведува, официјално не застанала ниту една држава.

Британската агенција исто така наведува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, по денешните разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, посочила дека ЕУ сака да види „продолжување на позитивните настани од областа на владеењето на правото“ во Србија, во рамките на пристапните преговори.

Двете официјални лица разговарале и за дијалогот на Белград со Приштина.

Урсула фон дер Лајан исто така рече дека ЕУ ќе ја поддржи изградбата на пругата од Белград до Северна Македонија, пренесува Танјуг.

Слични содржини