Европската унија во иднина е незамислива без Украина, Молдавија и Западен Балкан, кои не можат да се предадат на влијанието на Русија или Кина, истакна во понеделникот во Мадрид претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лeјен.
„Да се обидеме да замислиме како ќе изгледа Европа за неколку години. Можеме ли да ја замислиме Европската унија без Украина, Молдавија, Западен Балкан и оние делови од Европа под влијание на Русија или Кина? Невозможно!, изјави фон дер Лeјен на заедничката прес-конференција со шпанскиот премиер Педро Санчез.
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лeјен, заедно со мнозинството еврокомесари, во понеделник допатува во Мадрид на средба со шпанската влада по повод преземањето на ротирачкото претседателство.
„Насоката на патот е јасна и затоа треба да почнеме да размислуваме како да ја обединиме Европа, за и овие земји да станат дел од Европа. Тоа се суштински одлуки што треба да ги донесеме“, рече претседателот на Комисијата.
Шпанскиот премиер Санчез исто така рече дека „проширувањето е на маса“, дека ЕУ мора да одговори на прашањето како се гледа себеси за десет години. Тој посочи дека ќе треба да се разговара за прашањата за институционалните реформи, ресурсите, заедничката земјоделска политика, кохезионите фондови итн.
Санчез рече дека Европската унија мора да биде „пофедерална“.
„Навистина верувам дека треба да се движиме кон пофедерална Европска унија, дека треба да споделуваме повеќе политики, повеќе суверенитет и дека мораме да најдеме заеднички одговори на заедничките предизвици“, рече Санчез, додавајќи дека Унијата веќе го покажала тоа со заеднички одговор на пандемијата и војната во Украина.