ЕУ е загрижена околу наводите за надворешно-политичко вмешување во судството, порача Гир

од Nikola Popovski
209 прегледи

ЕУ има многу јасен став за владеењето на правото. Очекуваме доследно да се почитува и во овој контекст, ја цениме улогата на судството во вашата земја и очекуваме судството да работи на професионален начин и да дејствува со интегритет и со целосна независност, без никакво надворешно вмешување, рече евроамбасадорот Дејвид Гир за критиките на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп околу состојбите во судството и владеењето во земјата.

Досега ние постојано го поставувавме ова прашање, додаде Гир, и сме покренале загриженост за Судскиот совет, кој што е во самото срце на судскиот систем на земјата.

-Нашата загриженост не е само на однесувањето на Судскиот совет, туку ЕУ има загриженост во врска со сериозни наводи за надворешно-политичко вмешување во судството генерално. Токму поради тоа, ЕУ ангажираше Оценска мисија која што даде препораки, со цел да се зајакне улогата на Судскиот совет, кој што ќе се осигура дека нејзината работа ќе биде ослободена, истакна амбасадорот на ЕУ при посетата на општина Неготино.

ЕУ очекува, потенцира Гир, судиите да бидат резистентни на надворешно вмешување и да ја завршат нивната работа согласно највисоките стандарди.

Слични содржини