ЕУ ги повика Полска, Унгарија и Словачка да бидат конструктивни по едностраната одлука за ембарго за увоз на жито од Украина

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Европската комисија (ЕК) ги повика Полска, Унгарија и Словачка да бидат конструктивни откако најавија дека еднострано ќе го продолжат ембаргото за увоз на жито од Украина и покрај одлуката на ЕК да ја укине забраната.

„Свесни сме за најавите на некои земји-членки во врска со едностраните мерки. Она што е важно во моментов е сите земји да работат во дух на компромис и да се ангажираат конструктивно“, рече портпаролката на Комисијата, пренесе Ројтерс.

Полска, Словачка и Унгарија во петокот објавија дека ќе ги задржат своите ограничувања за увозот на жито од Украина и покрај одлуката на ЕК.

Слични содржини