ЕУ ги предупредуваат на опасност од темелната реформа на американскиот даночен систем

од Vladimir Zorba
86 прегледи

  Бизнис светoт денеска

 

Брисел – Петте најголеми економии во ЕУ ги предупредија САД дека темелната реформа на американскиот даночен систем би можела да е во спротивност со меѓународните обврски на таа земја. Тие наведуваат дека тоа „би можело да има големо дисторзивно влијание на меѓународната трговија“. Министрите за финансии на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија во писмо до американскиот колега Стивен Мнучин дека се „исклучително загрижени“ поради трите американски иницијативи во врска со даноците, меѓу кои е и предлог-законот во Сенатот против даночни измами.

Брисел – Ревизорско-консултантската компанија БДО оствари во фискалната 2017. завршена на 30 септември, вкупен приход од надомести од 8,1 милијарди долари. Тоа претставува годишен раст од осум проценти, според фиксниот курс.

Сараево – Во периодот јануари-октомври 2017 година, туристи во Босна и Херцеговина оствариле 1.149,721 посети, што е зголемување за 14 отсто во однос на претходната година. Бројот на ноќевања на домашните туристи е зголемен за ќетири отсто, додека на странските туристи за 16,5 проценти во однос на истиот период во 2016 година.

Пекинг – Продажбата на автомобили во Кина во ноември е зголемена за 0,7 отсто на годишно ниво, односно за 2,96 милиони автомобили. Тоа е шести последователен раст на продажбата, соопшти Кинеската асоцијација на произведувачи на автомобили.

Берлин – Германски „Сименс“ соопшти дека потпишал договори вредни 700 милиони евра за изградба на две електрани на гас во Либија. Индустрискиот конгломерат со седиште во Минхен соопшти дека електраните ќе бидат изградени во Мисрата и Триполи и оти цената од договорот опфаќа и долгорочен сервисен аранжман.

Мапуто – Холандскиот произведувач на пиво Хајнекен ќе отвори пиварница во Мозамбик, вредна 100 милиони долари, што ќе биде прв производствен капацитет на фирмата во таа земја. Производството во погонот со капацитет од 0,8 милиони хектолитри, во престолнината Мапуто, треба да почне во првата половина од 2019 година, се наведува во соопштението на Хајнекен.

Лондон – Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Лондон ќе ја исплати предвидената сума за „разводот“ од меѓу 40 и 44 милијарди евра на Европската унија, само доколку биде постигната конечна согласност за начинот на кој Велика Британија ќе излезе од ЕУ./MIA