Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за уште шест месеци, до 15 септември, санкциите против одговорните за “поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина’, соопшти Советот на Унијата.
По 24 февруари 2022 година, како одговор на руската воена агресија врз Украина, ЕУ масовно ги прошири санкциите против Русија со цел „значително да ја ослабне руската економска база, да ја лиши од критичните технологии и пазари и значително да ја намали нејзината способност да води војна. “ се вели во соопштението на ЕУ.
Санкциите, како што се наведува, ќе продолжат да важат за 1.473 поединци и 205 ентитети, од кои многу се насочени како одговор на тековната неоправдана воена агресија на Русија против Украина.