ЕУ укина санкции против тројца руски бизнисмени

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Европската унија отстрани тројца руски бизнисмени од листата на санкционирани лица, објавено е денеска во Службениот весник на ЕУ.

Укинати се санкциите против бизнисменот Григориј Березкин, милијардерот Фархад Ахмедов и поранешниот директор на руската компанија за електронско тргување „Озон“ Александар Шалгин, пренесува Ројтерс.

„Тешко е да се каже во овој момент дали оваа одлука може да се гледа како показател за промена на целосната политика на санкции во многу подискретна политика или дали тоа би било „пуштање на имагинацијата на слобода“, рече правен тим кој ги застапува Березкин и Шалгин.

Слични содржини