ЕУ го истражува Apple: Гигантот би можел да се соочи со казна од 500 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија ги истражува правилата на App Store на технолошкиот гигант Apple од 2019 година, по жалбата на Spotify.

Apple би можел да се соочи со казна од 500 милиони евра од Европската унија, како и забрана на App Store во сегментот на услуги за музички стриминг, сето тоа поради наводните антимонополски практики.

До оваа информација дошол „Фајненшл тајмс“, кој се повикува на пет неименувани извори запознаени со деталите и сугерира дека Европската комисија ќе донесе одлука на почетокот на март.

Проблемот датира од 2019 година и антимонополската жалба поднесена од Spotify. Жалбата се фокусира на правилата на App Store кои некогаш ги спречуваа програмерите да ги насочуваат корисниците кон алтернативни опции за претплата надвор од апликацијата. Таквото решение би било поевтино, бидејќи тие не би морале да ја платат таксата од 30 центи наметната од Apple.

Apple подоцна ги ублажи овие ограничувања.

Европската комисија, наводно, ќе наведе дека Apple го прекршил антимонополскиот закон на ЕУ и создал „нефер услови за тргување“ за своите ривали со „обврски против управувањето“ на App Store.

Слични содржини