ЕУ: Хан сака што побрзо да ги види политичките лидери од Македонија

од desk3
116 прегледи

Маја Коцијанчиќ, портпаролката на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, истaкна за МИА дека комесарот сака да ги види четирите политички лидери од Македонија и тие да бидат на расpолагање во секој момент кога ќе ги повика, со цел решавање на политичката криза во земјата која доживува постојани пресврти во изминатиот период.

El comisario europeo de Política Regional, Johannes Hahn, mientras el presidente del Comité de las Regiones está dando su discurso sobre ayudas a las regiones

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Коцијанчиќ потврди дека официјален Брисел е загрижен за влошувањето на состојбата во Македонија и дека Хан е во постојан контакт со македонските политички лидери со цел „тие да му се вратат на договорот од Пржино и реформските приоритети“.

– Комесарот Хан е подготвен да се види лидерите во кус рок. Тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатланскиот пат, истакна Коцијанчиќ за МИА.

Во исто време, на информацијата дека тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан веќе ги повикале Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на заедничка средба со комесарот Хан овој петок во Виена, од дел од партиите чии лидери треба да присуствуваат на овој состанок потврдија дека добиле „најави“, но не и официјална покана за ваква средба.

Од кабинетот на еврокомесарот за преговори за проширување велат дека „не може да ја потврдат оваа средба“.

– Се уште не е утврдено кога и каде точно овој состанок може да се случи. Но, комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, со Европскиот парламент, како и клучните партнери како што се САД, за начините за решавање на кризата, и да се осигура дека лидерите продолжи со спроведувањето на договорот Пржино и реформски приоритети, велат од кабинетот на Хан. /МИА