Европската унија и Косово денеска потпишаа Спогодба за стабилизација и асоцијација, пренесе ТАСС.

An Ethnic Kosovo Albanian waves European union, US and Albanian flags from a car in Pristina on February 16, 2008. Kosovo will declare independence on February 17, amid growing excitement among its ethnic Albanians, anger from its Serbs, and the launch of an EU mission to smoothen the birth of the world's newest state.      AFP PHOTO / DIMITAR DILKOFF

Претставниците на двете страни ги ставија потписите под документот за време на сесијата на Европскиот Парламент во Стразбур, прецизира агенцијата.

Ова е историски чекор што ќе помогне во економскиот раст на една од најсиромашните држави во Европа,забележаа американските медиуми.

Со денешното потпишување се отвора патот за евентуално полноправно членство на Косово во ЕУ, кое е главниот трговски партнер на оваа нова држава.

Министерот за европска интеграција Беким Чолаку изјави дека спогодбата е „нов меѓник затоа што утврдува договорни односи меѓу Република Косово и ЕУ“.

-Ние сакаме да станеме членка на европското семејство од гледна точка на економската интеграција, но сакаме, исто така, да ги споделуваме и вредностите на ЕУ, рече Чолаку во интервју за Асошиетед прес.

Косовскиот премиер Иса Мустафа вчера на еден форум изјави дека спогодбата е „почеток на долгиот пат……поддржан и преземен од нашите граѓани и нашите пријатели“.

Во 2014 година земјите од ЕУ  беа главниот трговски партнер на Косово со 30,2 проценти од неговиот извоз и 42,6 отсто од увозот, во вкупна вредност од 1,2 милијарда евра.

-Спогодбата ќе ја засили конкуренцијата, а локалните компании ќе имаат можност да извезуваат во земјите на ЕУ без царински тарифи, посочи Беким Чолаку.

Тој им заблагодари на сите држави од ЕУ, вклучувајќи и на оние кои не ја признаваат независноста на Косово, за разбирањето „дека единствениот начин за зацврстување на мирот, стабилноста и соработка во Западен Балкан е преку  отворање на вратите пред останатите држави од Западен Балкан за приклучување кон ЕУ“.

Слични содржини