Со преполни бегалски кампови на грчките острови, ЕУ сака да им понуди на мигрантите со финансиски стимулации, за да се вратат дома. Грција користи нова алатка на границата: огромни вентилатори.
„Ние се договоривме за специјална, временска ограничена програма за поддршка на доброволно враќање на мигрантите“, рече комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон, по разговорите во Атина.
Програмата се однесува на 5.000 мигранти кои пристигнале во Грција пред 1 јануари. Секој што доброволно ќе се врати дома, ќе добие по 2.000 евра.
Парите треба да им помогнат на луѓето да започнат нов живот во нивните земји на потекло, додаде комесарот. Доброволното враќање ќе биде организирано со помош на Меѓународната организација за миграција и граничната агенција на ЕУ, Фронтекс.