ЕУ им се заканува на Фејсбук, Твитер и Гугл со правни дејства

од Vladimir Zorba
106 прегледи

“Фејсбук”, “Твитер” и “Гугл” треба да ги отстранат врзаните содржина од платформите, ако не сакаат да бидат предмет на гонење од Европската унија. Ова стана јасно од соопштението на Европската комисија, кое бара од трите интернет гиганти да поднесат решенија против онлајн измама. Прво, сајтовите ќе треба да ги разјаснат своите “услови за користење”, па да се подобри заштитата на потрошувачите од измами. Во пракса тоа значи дека социјалните мрежи “нема да може да бараат од корисниците да се откажат од задолжителните права”, а спонзорираната содржина ќе треба да биде направена лесно препознатлива.

Покрај тоа, ЕУ им нареди на социјалните платформи да ги избришат сите пораки со лажни содржини кои можат да ги измамат корисниците. Такви се: измама, вклучувајќи плаќања од страна на корисникот, стапици поврзани со “слободни претплати”, лажните промоции од типот “освои нов смартфон за 1 евро”, како и маркетинг кампањи на производи фалсификати.

ЕУ вели дека се сретнал со претставници и на трите компании и им е обезбеден рок од еден месец, во кој тие ќе поднесат работни решенија во согласност со регулаторната рамка на Унијата.  Инаку “Фејсбук”, “Твитер” и “Гугл” ќе ризикуваат да бидат покренати обвиненија против нив.