ЕУ ја корегираше изјавата на Фон дер Лејен за БиХ: „Сакаме да појасниме дека…“

од Stefanija Kuzmanovska
474 прегледи

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина објави корекција на формулацијата за условно отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, која вчера ја употреби претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, со образложение дека таквата препорака е веќе донесена и ќе се имплементира веднаш штом ќе се исполнат условите.

„Би сакале да појасниме дека Европската комисија ‘препорачува’ отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина кога ќе се достигне потребното ниво на усогласеност (со критериумите на ЕУ)“, се вели во соопштението на делегацијата на социјалната мрежа Х.

Се додава дека формулацијата „ќе се препорача“, која ја користеше претседателот на Комисијата, беше содржана во претходната работна верзија на извештајот за напредокот на БиХ и дека е променет во конечна форма во смисла на Комисијата веќе „препорачува“ отворање на преговорите под наведените услови.

Во извештајот на Комисијата се наведува дека во изминатата година е постигнат одреден напредок во БиХ и дека актуелната влада покажала подготвеност да спроведе реформи, но се посочува дека вистинските ефекти се скромни, а блокадите кои доаѓаат од Република Српска се посебен проблем.

Европската комисија условената препорака за отворање на преговорите со БиХ ја поврза со продолжување на спроведувањето на реформите кои во моментов се блокирани, а главна причина за тоа е спорот во владејачката коалиција во таа земја за Законот за судови, поточно за тоа каде ќе биде седиштето на апелационото одделение на Судот на БиХ.

Слични содржини