ЕУ ќе застане зад Мадрид во спорот со Лондон околу Гибралтар

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Европската унија ќе ги поддржи територијалните побарувања на Шпанија за Гибралтар за време на следната фаза на преговори со Велика Британија. Брисел ќе му даде на Мадрид овластување да ја исклучи британската прекуокеанска територија од кој било трговски договор, пишува „Гардијан“.

Англискиот весник „Обсервер“ дозна дека шпанската влада врши притисок за овластувањата на Гибралтар да бидат вклучени во преговарачката позиција на ЕУ, што ќе биде објавено како нацрт во понеделник.

Борис Џонсон ќе има два избора: или да преговара со Шпанците за иднината на Гибралтар, или да ги изложи своите граѓани на економски ризик со тоа што не ќе биде вклучен во трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ.

Висок дипломат на ЕУ коментира дека Мадрид побарал да не се применуваат нови односи со Гибралтар без експлицитна согласност од Шпанија, што ќе се направи само доколку се постигнат билатерални договори меѓу Шпанија и Велика Британија.

Од денес, Велика Британија се смета од страа на ЕУ како „трета земја“. Британскиот суверенитет над Гибралтар беше официјализиран со Договорот од Утрехт од 1713 година, но Шпанија има претензии.

Како земја членка, Велика Британија беше во можност да се спротивстави на тврдењата на Шпанија, но сега Мадрид има целосна поддршка од другите земји-членки.

Преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ се очекува да започнат на 3 март.