ЕУ ќе ни ја чисти од ѓубре плажата на Преспанско

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевскина денеска ќе ја започнат првата „EUBeachCleanup“ на Преспанското Езеро, акција организирана во Северна Македонија.

Акцијата за чистење е годишна глобална иницијатива и оваа година ќе се организира на плажата Сливница преку мрежата на млади европски амбасадори „We Balkans“ финансирана од ЕУ.

– Годинава брегот на Преспанското Езеро ќе го чистат 20 млади европски амбасадори од Западен Балкан кои ќе им се придружат на своите македонски врсници за да ја исчистат плажата Сливница. Ова е трета година како млади европски амбасадори од регионот ќе учествуваат на настанот, организиран преку проектот „We Balkans“ финансиран од ЕУ. Оваа активност на заедницата, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, Јуроп Хаус, како и од општина Ресен ќе ги поттикне луѓето да ги исчистат плажите на Преспанското Езеро од сметот што ги мачи, се вели во соопштението од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Иницијативата на ЕУ за чистење плажа се одржува на глобално ниво секоја 3-та недела од септември. „EUBeachCleanup“ е кампања организирана од Европската комисија со EEAS и Обединетите нации. Се одвива на сите типови крајбрежја, со крајна цел да се подигне свеста за предизвиците на морскиот смет и пластичниот отпад.

Се проценува дека до 2040 година, количината на пластичен отпад во океаните ќе достигне до 37 милиони тони годишно. Загадувањето со пластика, се наведува во соопштението од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, е огромен проблем во денешно време, затоа, дури и малите активности можат да направат голема разлика. Секое шише, секоја сламка, секое парче смет што е исчистено може да придонесе кон почиста, поздрава планета.

Слични содржини