Советот на Европската унија денеска едногласно ја усвои одлуката кршењето на рестриктивните мерки против Русија да се третира како кривично дело на ЕУ.
Овие злосторства се вклучени во Договорот за функционирање на ЕУ, а целта е да се спречат обидите за заобиколување на санкциите.
Советот на ЕУ објаснува дека во моментов земјите-членки имаат различни дефиниции за тоа што претставува повреда на рестриктивните мерки и кои казни треба да се применат во случај на повреда, што може да доведе до различни нивоа на спроведување на санкциите и ризик од нивно заобиколување.