ЕУ купува нови 300 милиони дози вакцини „Фајзер“ и „Бајонтек“

од Берта Китинска
226 прегледи

Европската унија ќе купи дополнителни 300 милиони дози вакцини Фајзер и Бајонтек, објави на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во ноември, Европската комисија исто така постигна договор за испорака на вакцини против ковид 19 на компаниите Бионтек и Фајзер, околу 300 милиони дози. На тој начин се обезбедува вакцинација за граѓаните на Европската унија.

„Ние се осигураме дека Европејците имаат доволно дози за безбедна и ефикасна вакцинација“, рече фон дер Лајен.