ЕУ на Косово го осуди ранувањето на Јовановиќ, бараат брза и темелна истрага

од Nikola Popovski
226 прегледи

Канцеларијата на Европската унија во Приштина го осуди ранувањето на Милан Јовановиќ на контролниот пункт на косовската полиција кај Звечан и побара истрага и апсење на одговорните за тој инцидент.

„ЕУ во Косово го осудува безбедносниот инцидент во кој синоќа беше ранет косовски Србин во близина на косовската полициска станица на мостот Бистрица во општина Звечан. Сите надлежни судски институции сега треба да спроведат брза и темелна истрага и одговорните да ги доведат до правда“, се вели во соопштението на Твитер на Канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Истовремено, тие наведуваат дека сите институции за владеење на правото на Косово сега треба да спроведат брза и темелна истрага, а одговорните да ги изведат пред лицето на правдата.

Дека функционерите и институциите на косовската полиција мора да спроведат темелна, веродостојна истрага, претходно најави и американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер.

„Длабоко сме загрижени за првичното демантирање направено поради недостаток на должна анализа“, рече Ховениер и рече дека сите граѓани мора да имаат доверба во транспарентноста на спроведувањето на законот и правосудниот сектор.

Да потсетиме Милан Јовановиќ од Звечан, гратче на северот на Косово пред две вечери бил ранет во близина на Бистрички мост. Бил застрелан од припадници на специјалната единица на косовската полиција (Росу) додека возел автомобил на патот од Лепосавиќ. Повредениот е опериран и моментално се наоѓа на интензивна нега.