9
Европската комисија денеска најави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина, за да се помогне за обнова на штетите предизвикани до руската инвазија. Од вкупната сума 1,8 милијарди евра се гаранција за кредити, а 580 милиони неповратни средства од меѓународни и билатерални финансиски институции, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Ром, на конференцијата за плановите за обнова на Украина.
Стотици руски дронови и повеќе од 10 проектили денеска паднаа врз Киев, главниот град на Украина. Руските сили со деновите по ред вршат големи воздушни напади врз Украина, нанесувајќи штети и одземајќи и цивилни животи.