39
Европската унија денеска објави дека ѝ наредила на социјалната мрежа TикТок да ги замрзне податоците поврзани со романските избори.
Официјални претставници на ЕУ издадоа „наредба за задржување“ на податоците според сеопфатниот Закон за дигитални услуги, кој регулира како функционираат најголемите светски социјални мрежи во Европа, објави Ројтерс.
Овој потег уследи истиот ден кога САД изразија загриженост за потенцијалното странско мешање во изборите во Романија, откако прорускиот националист Калин Георгеску победи во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември.