ЕУ најави средба во Охрид на 18 март, учество потврдија Вучиќ и Курти

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Високиот претставник на Европската унија, Жосеп Борел, најави средба на високо ниво во Охрид, Македонија, како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, за сабота, 18 март, соопшти ЕУ.

Учеството, како што е наведено, го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи заедничка трилатерална средба.

Слични содржини