181
Советот на ЕУ денеска одлучи да не ги прифаќа руските пасоши издадени во Украина и Грузија.
Ова значи дека руските патни документи издадени на лица кои живеат во регионите на Украина окупирани од Русија или отцепените територии во Грузија нема да бидат прифатени како валидни патни документи за добивање виза или преминување на границите на Шенген зоната.
Руските патни исправи издадени во овие региони веќе не се признати или се во процес на непризнавање во земјите-членки на ЕУ.