Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети, како дел од нова рунда од програмата „Discover EU“.
Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Доколку сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат младите од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција. Различен број билети се достапни за поединечни земји.
Среќните добитници кои ќе освојат билет можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена низ Европа. Со билетот добиваат попусти за јавен превоз или во области од културата. Лицата со попреченост имаат постојана поддршка и придружба за време на нивните патувања.
Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион кандидат се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.
Можете да се пријавите на следникот ЛИНК.