ЕУ очекува двојно повеќе вакцини од април

од Берта Китинска
205 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од април очекува дека снабдувањето со вакцини против коронавирусот може двојно да се зголеми, што би значело околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал.

„Од април, количините може повторно да се удвојат според плановите на производителите, но и ќе се одобрат и други вакцини“, рече таа за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“ и „Штутгартер Нахрихтен“.

Фон дер Лајен очекува „во просек од околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал, вкупно 300 милиони дози до крајот на јуни“.

Таа рече дека ЕУ е загрижена поради новите мутации, додавајќи дека постојните вакцини делуваат добро, но оти е можно во секој момент да се појави нова мутација, која може да биде отпорна на сегашните вакцини.