ЕУ очекува од Владата на Србија усогласување со својата надворешна политика

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Европската унија (ЕУ) очекува дека новата Влада на Србија искрено и сериозно ќе работи на исполнување на сите потребни задачи со цел Србија да напредува во процесот на приближување кон ЕУ, кој вклучува усогласување со надворешнополитичките одлуки и дејствија на ЕУ, изјави денеска портпаролот Петер Стано.

Тој на прес-конференција во Брисел одговори на новинарско прашање за очекувањата на ЕУ од новата Влада на Србија и рече дека очекувањата се исти како и секогаш од Србија, како земја кандидат за членство во ЕУ и во тој контекст посочи дека ЕУ се надева дека оваа влада ќе ги спроведе потребните реформи.

„Секогаш е важно да се има функционална влада која може кредибилно да ги исполни сите неопходни реформи и критериуми во процесот на пристапување и сите очекувања на ЕУ и нејзините земји-членки кога станува збор за однесувањето на земја-кандидат која се стреми кон членство во ЕУ“, наведува Стано.