ЕУ очекува Скопје со добра волја да ги спроведе Договорите со Софија и Атина

од Nikola Popovski
194 прегледи

„Очекуваме новата претседателка и новата влада на Република Северна Македонија да работат на исполнување на очекувањата за напредокот на земјата на патот кон ЕУ“. Ова денеска го истакнал портпаролот на Европската служба за надворешни работи, Петер Стано на прес-конференција, одговарајќи на прашања поврзани со вчерашната заклетва на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова.

-Очекувањата за Северна Македонија беа детално опишани во последниот извештај за напредокот на земјата кон ЕУ минатата есен, истакнал портпаролот на ЕУ.

-Беше посочена важноста од одржување на добра регионална соработка, добрите меѓудржавни односи, совесно спроведување на склучените билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Тоа го очекува ЕУ, резимирал портпаролот.

-Веруваме дека новите власти во Скопје ќе продолжат по овој пат. Засега не сакаме да се произнесеме што би се случило доколку не го сторат тоа, додал Стано.

Слични содржини