ЕУ одби да нарача дополнителни 100 милиони дози на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Европската унија одби да нарача дополнителни 100 милиони дози вакцина против-19 на „АстраЗенека“, изјави денеска портпаролот на ЕУ.

„Во првиот квартал беа испорачани 30 милиони дози, што е помалку од очекуваното според договорот. Договорот предвидуваше 180 милиони дози за вториот квартал, а компанијата соопшти дека може да испорача 70 милиони“, додаде тој.

Европските официјални лица не го кријат незадоволството од фактот дека „АстраЗенека“ испорача помалку дози од предвидените во договорите, поради што ЕУ воведе ограничувања на извозот за дозите произведени на нејзина територија.

Поради доцнењето во испораката на вакцините, Европската комисија се подготвува да покрене постапка против „АстраЗенека“, објави европски „Политико“, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската унија.

На состанокот на амбасадорите во средата, повеќето земји-членки на ЕУ изјавија дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата поради поплаки дека не ги доставила договорените дози на вакцини против коронавирус до Европската унија, пренесуваат агенциите.

Целта на тужбата е да се принуди „АстраЗенека“ да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, се додава во информацијата која го цитира неименуваниот дипломат.

Слични содржини