179
Министрите за правда на земјите членки на ЕУ на денешната средба во Стокхолм најавија дека Брисел почнува да работи на формирање суд кој би бил надлежен за воените злосторства извршени во Украина.
На средбата станало збор за судската соработка во обезбедувањето одговорност за „меѓународните злосторства извршени во Украина“.
Украинскиот министер за правда Денис Малиуска учествуваше на состанокот преку видео врска.