ЕУ постигна трговски суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД во 2023-та

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Минатата година Европската унија оствари суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со Соединетите Американски Држави, објави денеска Евростат на својата веб-страница.

Во 2023 година ЕУ извезла стоки во Америка за 502 милијарди евра, а увезла стоки за 344 милијарди евра.

Минатата година Европската унија увезла сурова нафта од САД за 42,4 милијарди евра, што претставува зголемување од 11,4 отсто во однос на 2022 година, како и медицински и фармацевтски производи за 32,5 милијарди евра, што е за 36,6 отсто повеќе во однос на 2022 година.

Слични содржини