Европската унија ги повика Парламентарното собрание на БиХ и политичките партии итно да ги усвојат измените на Законот за кривична постапка, согласно меѓународните стандарди и барањето на Уставниот суд на БиХ.
„Тоа ќе биде од клучна важност за способноста на институциите одговорни за владеење на правото да ја зачуваат безбедноста на земјата, да спроведуваат чувствителни истраги и да пружат имунитет на сведоците, а исто така, и да соработуваат со меѓународните агенции за спроведување на законот како што се Интерпол и Европол“, се наведува во соопштението на Делегацијата на ЕУ во БиХ.
ЕУ изразува сериозна загриженост поради неуспехот на политичките партии, како и Советот на министри и Министерството за правда, да се придржуваат кон определбите за борба против корупцијата, организиран криминал и други облици на тежок криминал, во контекст на подготовката на Мислењето на Европската комисија за барањето за членство на БиХ во ЕУ.
„Оваа година претставува единствена шанса за БиХ да ја зајакне својата поврзаност со ЕУ и регионот и да се приближи до стандардите на ЕУ, а не да се одалечува од нив, се наведува во соопштението.