ЕУ повика за ослободување на приведените за време на протестите во Русија

од Vladimir Zorba
100 прегледи

  Европската унија го осуди приведувањето на стотици мирни демонстранти против корупцијата во Русија, меѓу кои и опозиционерот Алексеј Навали и повика тие итно да бидат ослободени. 

Портпаролот на дипломатската служба на ЕУ изрази жалење поради приведувањето на стотици мирни демонстранти и поради употребата на сила против нив од страна на руските власти во Москва, Санкт Петербург и други градови.

Очекуваме мирните демонстранти да бидат итно ослободени и да можат да ги уживаат основните права, кои им се загарантирани со Уставот, се наведува во декларацијата на Унијата.

Според руската невладина организација „ОВД-Инфо“ вчера за време на демонстрациите против корупцијата, организирани од Навални,  биле приведени над 1.500 лица.

ТАСС јави за над 150 лица приведени во Москва, поради учество во недозволен протест и за околу 500 во Санкт Петербург „за различни нарушувања“