ЕУ пренасочува финансиската помош наменета за Русија и Белорусија кон Украина и Молдавија

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Европската унија денеска објави дека ќе пренасочи 135 милиони евра помош првично наменета за Русија и Белорусија кон Украина и Молдавија.

Средствата, кои првенствено беа планирани за програмите „Интерег Некст“ со Москва и Минск, ќе бидат префрлени на други програми „Интерег“ кои постојат во Украина и Молдавија, се наведува во соопштението, пренесува „Гардијан“.

„Одлуката за укинување на средствата, првично наменети за соработка со Русија и Белорусија преку нашите програми ‘Интерег’, е резултат на бруталната војна што Русија ја води против Украина“, изјави комесарката за кохезија и реформи на ЕК, Елиса Фереира.

Слични содржини