ЕУ: Раст на продажбата на автомобили во јануари 2024 година

од Vladimir Zorba
199 прегледи

По декемврискиот пад на продажбата на нови автомобили во Европската унија (ЕУ), раст е забележан во јануари 2024 година. За ова најмногу придонесе двоцифреното темпо на раст на продажбата во Италија и Германија…

Продажбата на целосно електрични автомобили бележи раст од година во година, но во исто време е забележан и пад на продажбата во однос на претходниот месец. Овие податоци беа претставени од страна на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Според последните информации, бројот на нови регистрации на патнички автомобили во ЕУ во јануари 2024 година е зголемен за 12,1% на годишно ниво на 851.700 единици, што е одличен резултат во споредба со декемврискиот пад на продажбата од 3,3%. Раст на продажбата од 19,1% е забележан во Германија, 10,6% во Италија, 9,2% во Франција и 7,3% во Шпанија.

Продажбата на чисто електрични автомобили (BEV) во ЕУ во јануари се зголеми за 28,9% на годишно ниво на 92.741 единици. Сепак, тоа е за 42,3% помалку од декември, што главно се должи на Германија, со пад на продажбата на електрични автомобили од дури 59%, како и Франција, каде што се продадени 46% помалку електрични автомобили од декември.

Продажби забележаа и двата најголеми европски производители, Volkswagen (+ 11,5%) и Stellantis (+15%). Според податоците на ACEA, продажбата на Renault паднала за 2,9 отсто. Американскиот производител на електрични автомобили Tesla во јануари забележа раст на продажбата во ЕУ од 66,9 отсто на годишно ниво.

Слични содржини