ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Европската унија размислува да обезбеди помош за вооружените сили на Молдавија со дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воздушниот надзор, логистиката и сајбер одбраната, објави денеска Блумберг.

Според предлогот на надворешнополитичкиот огранок на блокот, кој беше испратен до земјите членки минатата недела и до кој Блумберг имаше пристап, средствата ќе бидат повлечени од Европскиот фонд за мир.

Се додава дека помошта на ЕУ ќе вклучува несмртоносна опрема и набавки, како што се мобилни радари на земја со долг дострел, пикап камиони, комуникациска опрема и хардвер, како и софтвер за зајакнување на ИТ инфраструктурата.