Русија стои зад масовниот сајбер напад на сателитската интернет мрежа, кој исфрли илјадници модеми од мрежата на почетокот на војната во Украина, се наведува во денешното соопштение на Европската унија.
Нападот на мрежата КА-САТ на Виасат на крајот на февруари годинава се случи токму кога руската армија влезе во Украина, пишува во соопштението на ЕУ, пренесе Ројтерс.
Германскиот магазин „Шпигел“ претходно објави дека руски хакери ги напаѓаат сајтовите на германските власти, институции и аеродроми, пренесува британската агенција.